еМагазин
Image default
Локално

ЈСП со летен возен ред: Кои билети ќе останат бесплатни во текот на летото

Поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст, информираат од ЈСП.

„Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец).

За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид. Бесплатните студентски билети ќе важат и за време на летото.Ве информираме дека од понеделник, (10.06.2019 година), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет пријави во СВР Куманово за измами со набавка на огревни дрва

Редакција

Цистерна нелегално одлага фекалии во канализациона мрежа во близина на здравствена установа во Визбегово

Редакција

(Фото) Фонтаната на виното во Кавадарци во завршна фаза, еве како изгледа

Редакција