еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на БЈБ, поради скандалот со службеното возило

Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, соопштуваат од МВР.

„Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување.

Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски“, се вели во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Стево Пендаровски е нов претседател

Редакција

Пошта се уште не испраќа пратки за Австралија

Редакција

Бугарија вели дека не се само уставните измени услов за старт на преговорите со ЕУ, Маричиќ негира

Редакција