еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Од иста групација се тепачите и тепаниот во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во емисијата „Утрински печат“ на Слободен печат, вели дека дел од хибрдната војна против Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Спасовски повика граѓаните да не ги блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев

– Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави, државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран.

На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат, дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно, рече Спасовски.

Спасовски потенцира дека последните случување се дел од поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари кои не сакаат да имаат добри односи во регионот.

-Тоа го прават заради тие интереси што ги имаат, политички, геостратешки и да покажат дека овде државата не ги почитува своите граѓани, што апсолутно не е точно. Државата не само што не ги сторила овие кривични дела тука се спртивставува, води истрага за тоа, судскиот систем итн., се е ставено во функција, нагласува министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ

Редакција

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

Редакција

Не дојде сведок на одбраната: Одложено судењето против Мухамед Зеќири

Редакција