еМагазин
Image default
Македонија

Полициски час не е решение, народот чека вакцини, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Венко Филипче имаат систематски грешки, полицискиот час не е решение, народот чека вакцина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата за воведување на полициски час за кој што денеска ќе одлучува Владата.

„Власта ја промаши стратегијата во борбата против Ковид-19 уште од сам почеток. Мерките беа задоцнети и не ефикасни.

Кога ВМРО-ДПМНЕ предлагаше масовно тестирање и ограничување на пандемијата, Заев и Филипче бркаа тендери. Кога цел свет набавува вакцини, Заев и Филипче пак бркаат тендери, а вакцини нема.

Да беше ажурна власта, сега ќе бевме во напредна фаза на вакцинација, и немаше да има потреба од рестрикции,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ограничувања на движењето од 22 часот до 05 часот со полициски час нема ефект, а во исто време имаме полициски час и попис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ за најавениот полициски час

Полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро, предложи Комисијата за заразни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

177 лица до 19 години за една недела се заразиле со Ковид-19

Редакција

Божиновски: Не можам во притвор, треба да се грижам за двете деца

Редакција

Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца

Редакција