еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Срамота за Водици: Следниот пат со пиштоли по крстот во „духот на христијанството“

Не престануваат реакциите меѓу македонските граѓани, но и во земјите од соседството откако вчера беше објавено видео на кое може да се види дека неколку учесници во традиционалната манифестација на одбележување на христијанскиот празник Богојавление-Водици со насилство сакаа да го грабнат крстот од момче што го фати во водите на реката Брегалница.

Жално е што не е прв пат да има инциденти на овие настани, што покажува дека некои од учесниците немаат тронка знаење за тоа каква вера е христијанството односно дека милосрдието и подавањето рака е суштината на оваа религија.

Впечаток е дека тие „скокаат“ по крстот за личен престиж, телевизор или други подароци наместо да се искапат во осветената вода, што е главната причина и за одржувањето на ваквите манифестации.

Добро е што поради годинашниот инциден во Штип, митрополитот Брегалнички Иларион предложи крстот да остане во црквата и да не кружи низ домовите во градот.

Црквата би требало на овој начин да почне да ги образува граѓаните бидејќи во спротивно како тргнала работата лесно може да се случи некој таканаречен верник догодина да реши со пиштол да дојде до Светиот крст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На момчето што го фати крстот во Штип се обидоа да му го земат

Богојавление-Водици: Урнебесни видеа од фаќањето на крстот низ Македонија

„Скокнал у Вардар по крстот, фатил стара машина за перење алишта“: Твитер реакции за Богојавление-Водици

(ВИДЕО) Васе Панчовски, кој го фати крстот во Делчево, освоениот телевизор го донираше на семејство

Фото: Фејсбук/Штипска идила

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Редакција

Од македонската Влада велат дека не постои иницијатива за размена на споменици со Грција

Редакција

Убава вест: 48 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција