еМагазин
Image default
Балкан

Србија ќе почне со производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на годината

Србија ќе инвестира колку што е потребно во започнувањето на домашното производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на годината, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ кажа дека со рускиот претседател Владимир Путин направиле првичен договор за почнување на процедурата за производство, која тој го опиша како „комплицирано и тешко“.

– Во моментов немаме производствени капацитети за „Спутник V“, но ќе ги изградиме. Не е важно колку ќе чини, ќе инвестираме во тоа, кажа Вучиќ и додаде дека целта на Србија е да произведува не само за свои потреби, но и за извоз во регионот.

Група руски експерти треба да ја посетат Србија следната недела за да разговараат за производството на вакцина „Спутник V“ до крајот на годината, наведува агенцијата и известува дека во Србија овој месец треба да пристигнат уште 200.000 дози вакцина „Спутник V“, 500.000 дози „Синофарм“, околу 90.000 дози на „Фајзер“/„БиоНТек“ и првите количества од околу 100.000 дози на вакцината „АстраЗенека“.

– Кинеската вакцина е најскапа, кажа Вучиќ, а британските медиуми додаваат дека на Србија и помагнале блиските врски со Кина, која досега инвестираше милијарди во оваа земја.

Србија, со над 530.000 вакцинирани, или 7,5 отсто од населението, е на четвртото место во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители, зад Израел, Велика Британија и САД.

Се додава дека според програмата за вакцинација, жителите на Србија можат да избираат помеѓу „Фајзер/БиоНТек“, кинескиот „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник V“.

Вучиќ изјави дека Србија годинава ќе потроши помеѓу 200 и 300 милиони евра за набавка на вакцини, или 0,7 отсто од БДП.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија ја легализираше употребата на канабис во медицински цели

Редакција

(ВО ЖИВО) Слаб одзив на протестот против Договорот од Преспа во Атина

Редакција

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност

Редакција