еМагазин
Image default
Балкан

Србија и Бугарија имаат добри односи, многу подобри отколку останатите во регионот, вели Вучиќ

Српскиот председател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија ја цени поддршката што ја дава Бугарија во процесот на придружување во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е соопштено од службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, тој денеска на прошталната средба со бугарскиот амбасадор во Белград, Радко Влајков, оценил дека „Србија и Бугарија имаат добри односи, многу подобри отколку останатите во регионот”, упатувајќи поздрави до претседателот Румен Радев и премиерот Бојко Борисов.

– Србија ја цени поддршката што ја дава Бугарија во процесот на придружување во ЕУ, изјавил на средбата Вучиќ.

Претседателот Вучиќ и амбасадорот Влајков изразија уверување дека ќе се зајакнат економските врски, како и соработката во сите области од заеднички интерес и изјавија дека трговската соработка е скоро двојно зголемена во последните неколку години.

Тие, исто така, констатираа дека завршувањето на автопатот од Софија до границата меѓу двете земји, како и гасоводот Балкански тек, ќе биде од најголемо значење, се наведува во соопштението.

Вучиќ ја истакнал и важноста на соработката преку форматот на Квадритералата, односно на Високиот совет за соработка на Србија, Бугарија, Романија и Грција, бидејќи го смета за многу важен за развојот на добрососедските односи и унапредувањето на политиката за мир и стабилност во регионот, како и за социјалниот и економскиот развој.

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе се цени според европерспективата на Западен Балкан

Редакција

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа, вели Радев

Редакција

(ВИДЕО) И Заев во кампањата на Ципрас за изборите за Европскиот парламент

Редакција