еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Србија на Македонија ќе и даде 8.000 вакцини од „Фајзер“ по набавна цена

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека Србија на Македонија ќе и даде 8.000 вакцини од „Фајзер“ по набавна цена.

„Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.

Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството.

Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории,“ напиша Заев на „Фејсбук“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Османи се сретна со Зеленски

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

(Галерија) Монахињите во манастирот Рајчица прават сапуни со мед, козјо млеко и кал со сулфур

Редакција