еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Средба со Венко Андоновски во ТРИ

Mајсторот на современата македонска проза Венко Андоновски оваа среда (23.01.) од 18 часот ќе биде автор-гостин на ТРИ во книжарницата во ГТЦ, информираат од книжарницата,

„Повод е одличниот прием на неговата најнова книга раскази „Припитомување на кучката“ што ТРИ ја промовираше минатиот месец, а чие прво издание во моментов ги брои своите последни примероци.

Средбите со омилените автори се секогаш вредно искуство и вистинско уживање. На ова дружење читателите ќе имаат можност да поразговараат со Андоновски за неговата нова книга раскази, за целокупното негово творештво, како и да добијат посвета на својот примерок од „Припитомување на кучката“, „Вештица“ или пак „Папокот на светот““, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова книга од гуруто за мотивација и лидерство Робин Шарма

Редакција

(Фото) Одамна за Коледе не сме имале снег: Конечно паѓа и во Скопје

Редакција

ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 22 до 29 септември

Редакција