еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средбите на Ахмети со Заев и Груевски беа за помирување, а со Мицкоски за Кривичниот законик, велат од ДУИ

Откако лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети изјави дека имало тајни средби со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска од партија дообјаснуваат што сакал да каже Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

Од таму велат дека Ахмети зборувал за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со Заев и Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето.

-На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби, велат од партијата.

Од таму тврдат дека измените во Кривичниот законик првично биле побарани од страна на ВМРО-ДПМЕ пред уставните измени за Договорот од Преспа.

-Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање, тврдат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сум учествувал на никакви тајни средби: Груевски го демантира Ахмети

Заев вели дека Ахмети лаже за тајните средби со Груевски за измените на Кривичниот законик

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 431 граѓани во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

На 24 мај заедничка литургија во Соборниот храм: Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Редакција

Градоначалникот Велковски: Во Свети Николе, нема заразени од Ковид-19, да не се шират лажни вести

Редакција