еМагазин
ЧИСТА ОКОЛИНА

Средношколци од Валандово направија апликација за создавање вертикална градина за прочистување воздух

Апликацијата на средношколците од Валандово за создавање вертикална градина за одгледување на цвеќиња и други видови растенија, е избрана за една од петте најиновативни во рамки на програмата подржана од УНИЦЕФ чија основна цел е преку решавање социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развиваат нови вештини.

Идејата на гимназијалците од Валандово во себе опфаќа создавање вертикална градина за одгледување цвеќиња и други соодветни растенија со поголем капацитет за прочистување на воздухот во училишните простории.

За имплементирање на нивната идеја одобрена е финансиска подршка од 120.000 денари со кои училиштето вети дека ќе развие еден целосно нов производ создаден на ожиновативен начин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите средни училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

Редакција

Онлјан работилница на RIS-ALICE проектот поддржан од ЕУ: Преку циркуларна економија до поголема декарбонизација во индустријата

Редакција

Титан Усје и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

Редакција