еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Станува ли ВМРО-ДПМНЕ маргинална партија или ќе дочекаме коалиција со „избрканите“?

По официјализирањето на новата независна пратеничка група од осумтемина пратеници кои беа избркани од ВМРО-ДПМНЕ драстично се менуваат силите во Собранието. Сега, најголемата опозициска партија има 43 пратеници со можност оваа бројка во иднина да се намалува, бидејќи партиското раководство најави исклучување за сите пратеници кои ќе дадат поддршка на понатамошниот процес на уставните измени.

Станува јасно дека допрва претстојат тешки денови на партијата со оглед на тоа што нејзини видни довчерашни членови јавно посочија дека во моментов во партијата има три струи – антизападна, прозападна и македонска (луѓе кои наивно веруваат дека прават добро за Македонија, противејќи се на уставните измени).

Така што, може да се очекува во иднина раситнување на членството односно формирање нови партии со преднзакот ВМРО-ДПМНЕ.

Во ВМРО-ДПМНЕ сега проблем станува и финансирањето на партијата, а тоа го откри лидерот Христијан Мицкоски кој рече дека би ја продале „Белата палата“ или би ја изнајмувале за да се рационализираат трошоците на партијата.

По ваквата најава, Мицкоски на партиското членство треба да му објасни зошто воопшто се градел ваков објект ако неговото одржување партијата не може да си го дозволи.

Уште позагрижувачка е изјавата на Мицкоски дека е време јавноста да престане да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ односно дека фокусот треба да биде на СДСМ и Зоран Заев.

Тој треба да знае дека медиумите и јавноста многу добро знаат кај кого е сега власта и дека работата на Владата секојдневно е предмет на критики, барем кај објективните медиуми.

Она што загрижува е што со лошите потези на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија останува без силна опозиција која по правило би требало да биде главен критичар на лошите владини политики.

Затоа, не треба да зачудува ако во иднина Мицкоски побара прошка од таканаречените предавници кои гласаа за уставните измени, што ќе му биде неопходна доколку навистина сака да ја урне Владата предводена од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност

Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?

Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 40 загинати во терористички напад во Москва

Редакција

Сејдини и Поповски не се “Северномакедонци“: Реакција на МНР до УЕФА

Редакција

(Видео) Запленета дрога вредна шест милиони евра од фабрики за канабис во Кавадаречко и Битолско 

Редакција