Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
“Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 04-09.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија.
Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, стои во неделниот извештај на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела намалување на бројот на починати од Ковид-19
Пад од 36,1%: Минатата недела 175 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19
Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија
Фото: МЗ