еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стојанче Ангелов од в.д. стана директор на Центарот за управување со кризи

Владата на денешната седница го именува Стојанче Ангелов за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ангелов досега беше на истата функција, но како вршител на должност.

По избувнувањето на пожарот во Кочани на 2 август и информацијата за несервисираните канадери, тој беше обвинет од опозицијата и од дел од јавноста, за лошо менаџирање на ситуацијата.

ВМРО-ДПМНЕ побара од него и да си поднесе оставка.

Но, Ангелов неколку пати потенцираше дека не само што не направил никаков пропуст како прв човек на ЦУК, туку е и горд на реализираното во врска со гасењето на пожарот во Кочани.

-Најодговорно и категорично тврдам дека беа преземени сите мерки, се што ни беше на располагање се стави во функција тој ден. Не само што не направив пропуст, туку сум и горд на тоа што го направиме во Кочани, истакна Ангелов во денешното гостување на Канал 5 и најави тужба за пратеникот од Кочани доколку, како што рече, не му се извини за изнесените невистини.

За Ангелов, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во Кочани е невкусна и неточна, за добивање политички поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево е веќе резервирано за празниците

Редакција

Задолжителен ПЦР-тест за патниците од Косово, кои поминуваат низ Македонија

Редакција

Куќен притвор за Драги Рашковски

Редакција