еМагазин
Спорт

Стојанче Стоилов избран за најдобар спортист на Скопје

Денеска, во Големата Сала на Советот на Град Скопје се одржа доделување на наградите за Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје. Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје.

За најдобар спортист на Скопје за 2019-та е прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар.

Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија е избран за најдобар тренер, додека Бесир Алили е прогласен за најдобар младинец, а тенисерката Александра Симева за најталентиран младинец.

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс е добитник на наградата за најдобар странец, кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар повторно е најдобар клуб во Скопје.

За Сојуз на спортови на Скопје и Град Скопје ова е значаен дел од нивната работа затоа што дополнително го поттикнуваат спортот во главниот град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност!

Редакција

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Политиките за заштита на границите, ги чуваа Австралијанците безбедни

Редакција

Виз ер Скопски маратон со рекорден број на учесници: Повеќе од 13.000 љубители на трчањето од 55 земји ќе трчаат на 6. октомври

Редакција