еМагазин
Image default
Свет

Столтенберг: Внатре во НАТО има несогласувања

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето обраќање пред американскиот Конгрес изјави дека внатре во Алијансата постојат многу несогласувања и побара зголемување на одбранбениот буџет на организацијата, со цел подобро да се справи со глобалните предизвици, како што е Русија.

– Треба да бидеме искрени. Се поставуваат прашања од двете страни на Атлантикот за силата на нашето партнерство. Да, постојат несогласувања, истакна Столтенберг.

Меѓутоа, според него, отворените дискусии и различни ставови не се знаци на слабост, туку спротивно.

– Тоа е знак на сила. Затоа не треба да бидеме изненадени кога има различности меѓу нашите земји членки. Денес имаме несогласувања околу прашањата како што е трговијата, енергијата, климатските промени и иранската нуклеарна програма. Постојат сериозни прашања со сериозни спротивставувања, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг го нарече НАТО најсилен сојуз во историјата, кој сепак и денес се соочува со многу предизвици.

Меѓу нив е се поагресивната Русија, која Столтенберг, меѓу другото, ја обвини за мобилизирање војска од Арктикот до Медитеранот и од Црно Море до Балтикот, кибер нападите, обидите за мешање во демократиите и непочитување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, од кој се повлекоа и Вашингтон и Москва.

Генералниот секретар, исто така, изјави и дека е свесен оти сеќавањата на НАТО интервенцијата во 1999 година се уште се болни за Србија, но додаде дека мора да се знае оти целта на Алијансата била „да ги заштити животите и спречи насилство врз цивилите“.

– За време на бомбардирањето, се сеќавам разговарав со свои пријатели кои живееја во Белград и другите делови на Србија. Сметам дека е важно да се дознае директно од погодените луѓе што мислат тие. Не беше едноставно, нагласи Столтенберг.

Тој додаде дека секоја загуба на невини животи претставува огромна трагедија.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Во Газа за 4 недели убиени повеќе цивили отколку во Украина за 1,5 година

Редакција

Во Холандија рекордно ниво на луѓе со рак на кожата, следат бесплатни креми за заштита

Редакција

Добитник на Нобеловата награда за мир, за кој беа номинирани и Заев и Ципрас е премиерот на Етиопија

Редакција