еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола лани со нето-добивка од 81,45 милиони денари

Во текот на 2020 година, Стопанска банка АД Битола континуирано го приспособуваше своето работење на новонастанатата ситуација со пандемијата од вирусот Ковид-19, која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент, информираат од Банката преку Македонската берза.

„Задржувајќи го фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, Банката дејствуваше пред сè во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, додека истовремено продолжи со кредитна поддршка на правните субјекти и домаќинствата, а притоа максимално се залагаше за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Успешното справување со наметнатите предизвици, како и брзата реакција и респонзивноста на кратките рокови за приспособување на активностите во работењето за да се остане на стратешката патека на долг рок, придонесоа кон остварувањето позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2020 – 31.12.2020 година, односно нето-добивка во износ од 81,45 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот резултат“, велат од Банката.

Нето-приходите од камати за овој период изнесуваат 291,02 милиони денари.

„Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарскиот сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се презедоа во врска со настанатата ситуација со вирусот Ковид-19, придонесоа за тоа приходите од камати да се пониски за 8,84 % споредено со минатата година, и покрај растот на кредитната активност.

Со цел да се неутрализира негативниот ефект од новонастанатата ситуација предизвикана од ковид-кризата во извештајниот период, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 24,89 %, така што се избалансира негативниот ефект, при што нето-приходите од камати се намалија за само 0,25 %.

Реализацијата на планот за нето-приходите од камати изнесува 87,67 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 21,67 % споредено со претходната година.

Притоа приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 17,90 % споредено со остварувањето за периодот 1.1.2019 – 31.12.2019 година, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од картично работење, додека расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо и бележат зголемување од 9,85 %“, велат од Банката.

Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 11,72 %, велат од Банката.

„Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 20,95 милиони денари и бележат намалување од 3,34 % на годишна основа, а реализацијата на планот изнесува 95,22 %.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 33,53 %, што се должи на помалку остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, како и на пониските приходи по основа на дивиденди.

Исправката на вредноста на финансиските средства е позитивна со износ од 23,00 милиони денари, што се должи на поголемиот износ на ослободена исправка на вредноста од наплатените нефункционални побарувања споредено со издвоената исправка на вредноста според проценките за квалитет на кредитните изложености.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е негативна и изнесува 4,99 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 4,85 % споредено со претходната година, што главно се должи на раст на продуктивноста и оптимизација на трошоците, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 91,91 %.

Останатите расходи од дејноста се повисоки за 7,18 %, што главно е резултат на повисоки трошоци за производни и непроизводни услуги, повисоки материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција заради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

Планот во оваа позиција е реализиран со 93,87 %.

Амортизацијата бележи зголемување од 13,68 % на годишна основа одразувајќи ги промените во недвижностите и опремата.

Реализацијата на планот во оваа позиција изнесува 88,15 %“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се очекувањата на Стопанска банка Битола за престојниот период

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“

Редакција

Раст на кредитирањето, забавен раст кај станбените, пад кај автомобилските кредити

Редакција

Прогноза на Европската комисија: Економијата на Македонија годинава со раст од 3,7%

Редакција