Недвижниот имот на ВМРО-ДПМНЕ кој се состои од 69 објекти, меѓи кое е и седиштето на партијата, остануваат замрзнати, информираат од Основниот суд Скопје 1, откако Кривичниот совет ја одбил жалбата која вчера ја поднесоа партијата.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на СЈО и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка“, соопштија од судот.
Барањето за замрзнување на имотот го поднесе Специјалното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ
„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?