еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ново одложување на судењето за „Тендери“ против Канческа Милевска

Судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска е одложено за 20 април годинава.

На денешното рочиште во Судот присутна беше Канческа Милевска, но не дојде нејзиниот бранител, адвокатот Сашо Дуковска, кој писмено го известил Судот дека има итна медицинска интервенција на близок член од семејството.

На денешното рочиште требаше да се почне со завршни зборови на Обвинителството.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот ,,Тендери” за Канческа Милевска по шести пат почна од почеток

Судската постапка тапка во место: По петти пат почнува од почеток судењето за „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До недела сончево време со студени утра

Редакција

Зоран Јовановски не е повеќе член на Управниот одбор на Тиквеш

Редакција

Политичките лидери кај Пендаровски се договорија дека за Македонија нема друг пат, освен ЕУ

Редакција