еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти за рекорден број на нови случаи на коронавирусот за 24 часа, прецизирајќи дека за едно деноноќие во светот се заболени речиси 300.000 луѓе.

Според организацијата, овој број е рекорд во растот на заразените од почетокот на пандемијата. Забележано е и дека голем дел од заразените луѓе не се пријавуваат во статистиката, а има и земји каде тестовите воопшто не се спроведуваат.

За последните 24 часа во светот се регистрирани 294.000 нови случаи на коронавирусот, што е за 2.000 повеќе од претходниот рекорд, поставен на 31 јули. САД, Бразил и Индија се најпогодени во овој поглед.

Од почетокот на пандемијата, во светот се пријавени 21 милиони случаи на инфекција, а бројот на смртни случаи од компликации предизвикани од коронавирусот надминува 755.000 луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски на папата Франциск му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име

Редакција

Вкупно 974: Нови 66 заразени со коронавирусот, најмногу од Куманово

Редакција

ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка за кредит од осум милиони евра

Редакција