еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Нов дневен рекорд во светот- над 581.000 новозаразени со Ковид-19

Во светот во изминатите 24 часа беа регистрирани повеќе од 581.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќе од 50 проценти од новозаболените лица се од Европа.

Во исто време, бројот на смртни случаи се зголеми за речиси 8.000 и достигна 1,2 милиони.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци обезбедени од државитте.

Повеќе од 50 проценти, или 297.295 нови случаи, се регистрирани во Европа, потоа во Јужна и Северна Америка, околу 158.000, додека повеќе од 56.000 нови случаи се потврдени во Југоисточна Азија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во два блока продадени акции од „Макпетрол“ за 415.000 евра

Редакција

Неизвесноста ги „убива“ македонските бизнисмени, честото менување на закони ги докрајчува, вели Азески

Редакција

Пет „линии на одбрана“ против Ковид-19 за летување во Грција

Редакција