еМагазин
Image default
Македонија

Течат роковите за приговори и жалби за изборните резултати

По објавувањето на конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, течат роковите за приговори и жалби за спроведувањето на изборниот процес и за сумирањето на резултатите.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до Државната изборна комисија (ДИК) во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати.

ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.

Според првичните резлтати што синоќа ги објави ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Дел од партиите учесници на изборите се пожалија на нерегуларности и грешки во сумирањето на резултатите и најавија дека ќе поднесат приговори до ДИК и другите надлежни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

Голем пад на поддршката: Каде исчезнаа илјадници гласови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ?

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе остане ли министерка: Разрешувањето на Мизрахи денеска на собраниска седница

Редакција

Рускоска за истрагата за Зекири: Имаме податок каде се парите

Редакција

Резултати од државната матура: Средната оценка од екстерните испити е 3,78 и е повисока од лани

Редакција