еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Температурите денеска ќе достигнат до 41 степени, активно жолто ниво на опасност

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степени.

На целата територија на Македонија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Уве индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека уште денеска времето ќе биде сончево, многу топло и вдолж Повардарието температурите ќе достигнуваат 40 степени. Насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.

Од петок температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за изолирана појава на локален дожд и ретки грмежи. 

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Андреевски за индицентот со Златна зора: Политиката се обиде да ја победи уметноста, благодарност до сите кои застанаа на нејзина страна

Редакција

Повеќе од 1.000 текстилни работници од источниот регион добиле плата под минималната

Редакција

Мадона наполни 60 години

Редакција