еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тендер „тежок“ 11,2 милиони евра: Министерството за здравство склучи договори за набавка на вакцини со четири компании

Министерството за здравство по распишаниот тендер за набавка на вакцини за имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението за периодот јуни 2018-јуни 2020 година склучи договори со четири компании.

Вкупната вредност на распишаниот тендер со ДДВ изнесува 694,3 милиони денари или околу 11,2 милиони евра.

Министерството склучи договор со „Елбијор“ за набавка на вакцини во вреден 204,8 милиони денари.

Втор по вредност е договорот со „Д-р Пановски“ кој е на износ од 191,5 милиони денари, а трет договорот со „Алкалоид конс“ вреден 190 милиони денари.

На четврто место е „Македонијалек“ со која Министерството за здравство склучи договор за набавка на вакцини вреден 4,5 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цунамито државни вработувања продолжува и во 2019 година

Редакција

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Редакција

Неконтролираното крадење на струја го остави Грчец без струја

Редакција