еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Термини за изнесување на миленичињата согласно новите ограничувања на движење

Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април.

Според одлуката на Владата на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Мерките почнуваат од среда: Забрана за движење од 16 часот до 5 наутро, за викенди 48 часа дома

(Графикон) 44,9 години е просекот на возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова: „Ковид-пандемијата постепено ќе преминува како грипот, за кој постои имунизација“

Редакција

Осомничената за убиството на Тот ги запрепаситила полицајците, по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење, објави „Јутарњи лист“

Редакција

Почина новинарот Предраг Димитровски

Редакција