Вредноста на синдикалната минимална кошница за август годинава изнесува 33.538 денари. Тоа биле потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки…
Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница, покажуваат дека најголем дел од средствата се трошеле на исхрана и пијалаци 41,81 отсто или 14.022 денари.
Потребите за домување биле 10.780 денари или 32,14 отсто, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.366 денари, за превоз 2.466 денари, за облека и обувки 2.118 денари.
За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716 денари или 2,14 отсто.
Просечната исплатена нето плата во јуни годинава изнесува 26.867 денари, според тоа 53,47 отсто се троши на храна и пијалоци, 38,79 отсто за домување, 30,47 за комунални трошоци, а 8,32 отсто за покуќнина, опрема за куќа и одржување.
За хигиена се трошеле 8,67 отсто, односно за одржување лична хигиена 3,56 отсто, а за одржување хигиена на домот 5,11 отсто, за превоз 9,11 отсто, за облека и обувки 7, 98 отсто, култура 3,97 отсто, одржување на здравјето 2,64 отсто.
МИА