Заради запазување на правата и интересите на акционерите и заради одржување и зголемување на вредноста на капиталот од една страна и грижа за вработените, зголемување на општествена одговорност и животната средина од друга страна, „Тетекс“ АД Тетово во текот на февруари 2020 година ќе престане со производство на тешка конфекција, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Со максимално ангажирање и мобилизирање на расположивите материјални и човечки ресурси во наредниот перод ќе се ориентираме кон останатите и нови попрофитабилни дејности“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 69 години, текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството
Продаден блок акции од „Тетекс“ за 146.000 евра
Фото: Тетекс
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.