За декларацијата со која Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков вели дека тоа е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција
Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград
– Овие луѓе во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се. Тие знаат дека има многу Македонци во Бугарија и во Благоевград.
За да излезат со таква позиција, објаснување е само дека се создава атмосферата за страв и омраза против Македонците овде, вели Стојков за „Слободен печат, кој смета дека клубот ќе се отвори, како што е предвидено на 30. октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска
Фото: Стојков/Фејсбук