Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), функцијата генерален директор на АЦВ од денеска официјално ја презема Томислав Тунтев.
Како што соопшти АЦВ, на примопредавање на функцијата досегашниот директор, Горан Јандреоски го информирал Тунтев за досегашните резултати на Агенцијата постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тунтев повеќе не е пратеник, ќе биде директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство
Пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка
Фото: Фејсбук/Тунтев