еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Топ три брзи и вкусни појадоци пред работниот ден

Појадокот е најважниот оброк во денот, затоа што делува како гориво за нашиот организам. Наутро, кога се будиме, на телото му е потребна храна која што ќе му даде доволна енергија и хранливи материи потребни за оптимално функционирање.

Во летниот период со високи температури, особено е важно оброкот наутро да биде лесен и здрав, богат со нутриенти, што ќе ја подобри концентрацијата и фокусот за работа.

За појадок најдобро е да јадете комбинација од протеини, масти и јаглехидрати. Тука се вбројуваат јајца, проја, овесна каша, зеленчук, кисело млечни производи и слично.

Протеините се главни извори на енергија и тие се задржуваат во организмот повеќе од јаглехидратите и шеќерите и како такви треба да бидат вашиот избор за утринскиот оброк, особено кога станува збор за појадок на работа, односно пред напорниот работен ден.

Протеините ги има во храна како сирење, јајца или јогурт, а доколку се одлучите за Баланс+ јогуртот, покрај многу потребните хранливи материи, во организмот ќе внесете и исклучително корисни влакна, како и пробиотски култури LA-5 (Lactobacillus acidophilus) и BB-12 (Bifidobacterium lactis), за што особено ќе ви бидат благодарни органите за варење.

Јогуртот е идеален избор за појадок во летните денови. Доколку немате време или пак идеи, а сакате да внесувате балансирани оброци, предлагаме топ три брзи и вкусни рецепти со Баланс+ пред почетокот на работниот ден.

Пробиотски овошен шејк

Започнете го денот со пробиотски овошен шејк за повеќе енергија. Сѐ што е потребно е во блендер да ставите една чаша Баланс+ јогурт, јагоди, капини и семки од тиква или овесни снегулки и да почекате додека смесата не се соедини. На крајот додадете неколку коцки мраз за освежителен вкус. Дневното консумирање на Баланс+ ќе овозможи дигестивна рамнотежа и ќе ја намали подуеноста.

Јогуртот во комбинација со житарки е идеален оброк за почеток на денот бидејќи не бара многу време за подготовка и придонесува за чувството на ситост.

Омлет со зеленчук и јогурт

Омлет и чаша Баланс+ е совршен оброк за оние што сакаат да ја намалат својата телесна тежина во летните денови, а истовремено да внесат доволно протеини во организмот. Омлетот се прави брзо и лесно, а во комбинација со сезонски зеленчук и чаша Баланс+ јогурт ќе овозможи внес на сите потребни хранливи материи. Јајцата и јогуртот се супер храна за кожата и коските и потребно е почесто да бидат на нашата трпеза.

Тост со намаз од авокадо, варено јајце и чаша јогурт

Смесата од изгмечено авокадо и варено јајце намачкајте ја на диетално тост лепче, а одозгора ставете тенко парче сезонски зеленчук по избор. По овој појадок задолжително напијте се една чаша Баланс+ за подобар вкус и дигестивен баланс.

Овие оброци можат да ги консумираат и лицата со дијабетес, затоа што здрава, балансирана и развовидна исхрана е потребна во нивниот план со режим за исхрана.

Појадокот со јогурт ги буди и забрзува метаболизмот и дигестивниот систем, а во исто време овозможува доволно нутриенти, сила и енергија во текот на целиот ден.

Освен што дава енергија, добриот појадок значи и извор на хранливи материи, кои доколку не се внесуваат за време на појадокот, имаат мали шанси да се надополнат подоцна во остатокот од денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Скопје, 26

Редакција

Поранешниот претседател Иванов стана дедо, му се роди внук

Редакција

(Фото) Бранко Црвенковски денеска слави 60-ти роденден

Редакција