еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Tопло време со поројни дождови за продолжениот викенд

Метеоролозите за денеска во попладневните часови најавуваат нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура до 26 степени.

Времето во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

И во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето и температура до 28 степени. Во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи и температура до 29 степени.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Температурата ќе се искачи до 28-от степен. Најтопло ќе биде во среда со температура до 30 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

(Галерија) Пендаровски со сопругата на Галичка свадба, кој им правеше друштво

Редакција

(Фото) „Гигантски велосипед“ кој потсетува: Скоро на секој велосипедист му е украден по еден велосипед

Редакција