еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Петмина загинати во стравична сообраќајка на влезот на Драчево

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Како што наведоа од МВР на местото на несреќата загинале три лица, а две се пренесени во болница каде им подлегнале на повредите.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран. Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подвиг за почит: Сања Николовска Најдовски 19 пати едноподруго се искачи од Средно Водно до Врвот

Редакција

Немам бугарско, имам чешко државјанство, открива Данела Арсовска за Инфомакс

Редакција

Социо-економско влијание на Пивара Скопје: 139 милиони евра за домашната економија и 8.700 поддржани работни места

Редакција