На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.
– Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница.
Оттаму ни кажаа дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајцата браќа од Кавадарци кои починаа од Ковид-19 имале апластична анемија
Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.