еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија во Куманово: „Мерцедес“ удри и усмрти полицаец на службена должност и повреди неколкумина

Рано утринава во 00,45 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во В.Ц. (37, полициски службеник) и А.М. (25 год, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност, информира СВР Куманово.

В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

„С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телсени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Полицијата во Скопје одзеде шест возила поради учество во „диви трки“

Редакција

Русија бара САД да запре да испорачува оружје за Украина

Редакција

Што пишува во биографијата на Крешник Бектеши, старо-новиот министер за економија 

Редакција