Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат од СВР Велес.
Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И. од Велес.
Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.
„Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост“, информираат од СВР Велес.
Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот, информира, портпаролот Верољуб Додевски.
МИА