еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Туристичките агенции бараат да продолжи финансиската поддршка за плати и да се зголемат капацитетите во автобусите

Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите.

Во денешното соопштение тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи, како што велат, секој месец се зема плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките.

Поради стабилизирање на ситуацијата со Ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите.

– Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме било што, ограничени сме со работа поради автобусите.

Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби, велат од агенциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 0,7 проценти намален бројот на работници во индустријата

Редакција

Инфлацијата продолжува да расте: Трошоците за живот во март со раст од 8,8, цените на мало од 9,6%

Редакција

Во иднина само пакувања со 20 цигари: Цигарите ќе поскапат за пет денари

Редакција