Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права на Грција и невладината организација за набљудување на расистичките злосторства, во полицијата во Атина поднеле тужба против министерот за одбрана на Грција Панос Каменос по неговите изјави дадени деновиве, пренесува МКД.мк.
Во тужбата стои дека Каменос го прекршил антирасистичкиот закон во Грција со „јавното потикнување на омраза против народот на Северна Македонија и за нарушување на односите помеѓу Грција и Северна Македонија“.
Каменос во неделата изјави: „Скопјаните не треба да мислат дека Грција и Западот горат од желба да ги вклучат во НАТО… да ги направиме луѓе. На крајот на краиштата, што се тие? Албанци, Бугари и некои Грци во Монастири и Гевгели. Тоа се Скопјаните.“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.