Лавина од реакции на социјалните мрежи за бегството на Никола Војминовски, осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села.
Најмногу критики има за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ви ги пренесуваме дел од коментарите на Твитер заедницата:
Биланс:
1 киднапиран
37 избегани
78 амнестирани pic.twitter.com/foaVWKjQ5V— Dimko (@ddimkooooo) January 16, 2019
"Избега осудениот за обидот за убиство на Села"
Мислам дека е редно СДСМ да го кандидира Оливер Спасов за Претседател.
Еквивалентно е неспособен како Иванов.— Скопски Пеер (@Skopski_Peder) January 16, 2019
Оливер Спасовски избран за НАЈДОБАР МИНИСТЕР, изјави портпаролот на синдикатот на осудени криминалци на Република Македонија.
😂😂😂
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) January 16, 2019
Бројчаник на избегани криминалци од Македонија > Бројчаник на вратени криминални пари во Буџет pic.twitter.com/2kvNdPx2mA
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) January 16, 2019
Додека светот се забавува со #10YearChallenge Македонија се забавува со #КидниОдКазна challenge.
— Александра (@filipova_a) January 16, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Избега еден од осудените за нападот на пратеникот Зијадин Села во Собранието