Според последните податоци, објавени вчера, бројот на излекувани од коронавирусот во Македонија порасна за 29 лица, и сега изнесува 301.
“Според исходот од заболувањето, кај 943 лица (72,5%) се активни случаи, 301 случаи (23,2%) се водат ако оздравени (29 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно до 22. април, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија
Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово
Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија
Фото: Кабинет на претседателот