Седми ден во Дебар нема новодијагностицирани со вирусот Ковид-19, со што бројот на заразените останува 49 лица. Од вкупната бројка 23 се излекувани, додека четири лица се починати.
„Во понеделникот се направени 13, додека во вторникот уште два теста или вкупно 15 тестови. Станува збор за лица кои биле на домашно лекување и всушност ним им е направен контролен тест.
Според добиените резултати осум од нив продолжуваат со домашното лекување, додека седум се со негативен резултат. Со претходно излекуваните 16, вкупната бројка на излекувани е 23 лица“, изјави на денешната редовна прес-конференција дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Тој информираше дека на барање на штабот од Министертвото за здравство набрзо во Општата болница ќе пристигне медицинска апаратура која многу ќе помогне во менаџирањето на оваа ситуација и третирањето на пациенти доколку евентуално ги има. Исто така ќe се одобрат и вработувања на четири медицински сестри.
Безбедносната состојба во текот на изминатото деноноќие ја оцени како стабилна, посочувајќи дека не се забележани непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
„Продолжува дезинфекцијата во градот со несмалена динамика. Вработените во Територијалната противпожарна единица дезинфицираа влезови и скалила во 17 станбени објекти, а денеска и утре тоа ќе направат уште во останатите 14 објекти. Вработените на ЈКП „Срандрад“ продолжуваат со дезинфекција на јавните површини, улици, детски игралишта и контејнери“, изјави Дука.
Тој го повтори апелот и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките, како и забраната за движење.
Посебна благодарност искажа за волонтерите на Црвен крст кои освен што се вклучени во распределба на хуманитарна помош на услуга се и на лицата кои сами не може да набават прехранбени и други артикли и лекови
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Графикон) На возраст од 50-59 години се најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија
Вкупно 711: 48 нови случаи на заболени од коронавирусот, во Куманово 25
Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот