еМагазин
Image default
Македонија

Убиецот се уште во бегство: Детали од Обвинителството за убиството во Мала Речица

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид во тетовска Мала Речица, на местото каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.

Според ЈОРМ, мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува.

Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси-возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење траги и материјални докази пронајдени на самото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовчанец си ја убил сопругата и избегал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 29 години: Од Ковид-19 починаа 26 лица, 14 биле вакцинирани

Редакција

Со сослушување сведоци на Обвинителството, продолжи судењето за „Титаник“

Редакција

Ковачевски од Солун: Со неодобрување на преговарачката рамка, Скопје и Тирана губат драгоцено време

Редакција