еМагазин
Македонија

Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко

Второодделенец и здравствено лице се заболени од Ковид-19 во Тиквешко. Една жена почина во скопска болница, а девет нови позитивни случаи се регистрирани за 24 часа, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

„Имаме седум нови случаи во Кавадарци и два во Неготино. Починатата со коронавирус е на возраст од 55 години. Новозаболените се на возраст од седум до 66 години. Од нив пет се од машки, а две лица од женски пол. Само едно лице нема симптоми. Петмина претходно имале контакт со позитивно лице, а четворица не знаат каде се заразиле“, појасни докторот.

Второодделенецот бил позитивен откако имал контакт со позитивна наставничка, но позитивен случај имал и во семејството. Новозаболен бил и еден лаборант.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расправа за уставните измени: Се бараше чаре за потписот на претседателот Ѓорѓе Иванов

Редакција

Бегството на Беким Мемети договорено со затворските полицајци, случајно бил ранет еден од полицајците: Детали од МВР

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.013 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција