Укината е мерката куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Како што информираат од Апелационен суд Скопје, прифатена е гаранција како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него за случајот „Софтвери“.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ – 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“
Фото: Влада