еМагазин
Image default
Македонија

Уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот

На денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека во новозаболените со коронавирусот во Македонија е уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот.

Не потенцираше дали станува збор за здравствен работник.

Вчера беше соопштено дека се заболени пет здравствени работници од Клиниката за кожни болести, кои имале контакт со поранешната заболена директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.

Тие биле 16 дена во самоизолација без никакви симптоми, но на контролниот тест биле позитивни.

Здравствените работници се дома и се во добра здравствена состојба и ќе останат во самоизолација.

Здравствени работници кои беа во контакт со поранешната директорка во групи се тестираат деновиве.

До сега, како што објави еМагазин, со коронавирусот се заразени 17 здравствени работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за корона вирусот, капацитетот е до 300 тестови дневно по цена од 1.200 денари

Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44 се реинфекции: 277 нови случаи на Ковид-19 од 2.635 тестови

Редакција

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини

Редакција

Помагаме не на наши соседи, туку на сонародници: Каракачанов за бугарската донација на вакцини за Ковид-19 за Македонија

Редакција