Со денешниот нов потврден случај на Ковид-19 во Општина Крива Паланка, бројот на активни случаи се искачи на 12. Бројот на вкупно регистрирани лица заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 18, а шестмината кои веќе не се на листата активни се оздравени.
Според информациите од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, како и во поголемиот процент на сите случаи кои досега беа потврдени и регистрирани, според направените анкети, заболените најчесто имале контакт со веќе заразени.
Од Општинскито кризен штаб на Крива Паланка апелираат да се почитуваат доследно сите мерки и препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни заболувања.
Општинскиот кризен штаб има издадено и препораки до надлежниет институции за дополнителни мерки за заштита од Ковид-19, а ЈП Комуналец секојдневно врши дезинфекција на улиците, влезови на станбени згради, на јавни институции и дежурни служби, како и на граничниот премин Деве Баир.
МИА/Фото: МЗ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери
Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини
Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 362