еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Усмртен пешак на патот Кичево-Охрид

61-годишен жител на дебарското село Могоче го загуби животот откако во него удрил „мерцедес“ на регионалниот пат Кичево-Охрид во населбата Горица, информираат од МВР.

Мерцедесот го возел 36-годишник од Другово.

Жртвата починала на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, информираше МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено присуство на полиција во Капиштец и Дебар Маало

Редакција

Две млади лица од Охрид загинаа во собраќајка кај Ресен

Редакција

Караџовски не очекува зголемување на бројот на заразени со корона вирусот

Редакција