еМагазин
Да помогнеме

Утре во Зоолошка: Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

Многу кучиња чекаат да го најдат својот дом, многу од нив чекаат лекување, операции, храна, топли ќебенца, куќички.

Во недела (03.03), од 12:00-15:00, во ЗOO Скопје ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има ЗOO базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.

Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу  крзнени пријателчиња.

Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни.

„Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

34-годишната Дијана боледува од канцер, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

Медицинска сестра на хирургија која помогнала на многумина, сега бара помош: „Потребни сте ми, за да се спасам на лекување во Турција“

Редакција

Апел: На малата Ребека и треба помош од 19.000 евра за лекување во Турција

Редакција