еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вашето его, партиските препукувања и неспособност ни го убија бебето: Исповед на мајката која го изгуби новороденчето во болницата во Битола

Четири дена по смртта на нејзиното новороденче на Фејсбук се огласи родилката Викторија Крстева.

Во постот таа најави дека нема да отстапи од барањето на правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ. На медицинскиот персонал му порача: „Ништо нема да ве испере“ и вели дека имала најздрава бременост.

„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. Мајка. Поради партиските ‘препукувања’ ривалство, инает меѓу докторите и неспособноста – јас изгубив најмногу. Го изгубивме највредното нешто во животот. Нашиот Јован. Нашето најмило. До кога ради вас партиски пиунчиња, ќе страдаме?“, прашува таа.

И додава: „Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, таму бев јас и тие ‘луѓе’. Не знам и дали треба да кажам дека се луѓе.

Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат… Точно дека бев вратена од болница дома и се уште си го поставувам прашањето, зошто? Се вратив во раце на други.

Откако ми го пукнаа водењакот и искусните воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, а за кое никогаш не одбив да ми биде направено, имаше за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот…

Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека не учествувала во моето породување, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече “Ако не ти се бендисваме ние, оди си во Плодност’“.

Удирајќи ме во стомакот, на кој што се уште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое никогаш не успеав да го видам! И уште породувањето било лесно, дај Боже сите следни да ми се вакви? Па не било насилно породувањето.

Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, плачејќи и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. Нема да ве испери“, пишува таа.

Децидна е дека имала здрава бременост.

„Имав најздрава бременост, до последниот миг. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што знам, дека никој нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де…

А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете? А? Оставки, жалења, тажења…

Не. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не. Нѐ потценивте и мене и сопругот. Но, ќе ве изгорам сите. Ветувам. Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам…

Мислејќи дека сте Бог. Убијци. Парична казна? Смешно е. Дури не сносат одговорност нема да се откажеме“, пишува Крстева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочни мерки за гинеколог, доктор и Битолската болница за случајот со починатото новороденче

Новороденче почина во битолската болница, министерот Меџити вели дека било родено со тахикардија и имало белодробно срцево осивување

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 55 случаи на Ковид-19, оздравени 55, нема починати

Редакција

Кој е Беким Сали, кој ќе ja води Алтернатива, откако Гаши се повлече од лидерската позиција за да стане претседател на Собранието

Редакција

(Фото) Од здружението „Иван Михајлов“ благодарни на Османи, од Пендаровски бараат и Бугарите да влезат во Уставот

Редакција