еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ваучер за комарци

Скопјани преку зима мака мачат со загадувањето, а преку лето со комарци.

Иако пред да стане градоначалник на Скопје, грлото му се исуши на Петре Шилегов од критики за неговиот бивш колега Коце Трајановски, не успеа зимоска да ги спаси Скопјани од загадувањето, а врв во неговата „борба“ со ПМ 10 честичките беше обуката на оџаџарите.

Шилегов не успеа да ги спаси Скопјани и од комарците, зошто сред лето одлучи да испитува дали средствата за прскање се еколошки или не.

Во меѓувреме комарците си завршија работа и се расплодија, а работите во главниот град на Македонија и неговата околина станаа алармантни.

Фали уште западнонилска треска.

И кога навистина Шилегов почна да се „бори“ со комарците со „нечујните“ авиони никој не му веруваше, па мораше со видео да ги убедува граѓаните дека Град Скопје прска против комарци. Ама го утна видеото.

Нема да биде никакво изненадување ако и овој сериозен проблем на крај се реши со ваучер, како тој што го добиваат пијаните гости по скопските кафани, уште еден „одличен“ проект на Шилегов.

Деталите како и кој ќе може да користи овој ваучер нема да ги откриваме. Ќе оставиме тоа да го направи „креативниот“ тим на Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги одобри 250. милиони евра за бизнис секторот од унгарскиот кредит

Редакција

Стравот, социјалниот немир и кражбите го заменија пеењето во Италија

Редакција

Прифаќаме промена на Уставот за да се вклучи бугарското малцинство, вели Ахмети

Редакција