еМагазин
Image default
Македонија

Важноста на истечените пасоши на македонските државјани во странство ќе биде продолжена до крајот на годината

За да им се излезе во пресрет на нашите државјани во странство чии пасоши се истечени или нивната важност истекува годинава, ќе бидат извршени законски измени со што важноста на овие патни документи ќе биде продолжена да крајот на годината, најави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој нагласи дека наши дипломати со мобилни тимови ги сликаат нашинците во странство за да им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7.000 патни документи, но дека има проблем со македонските држајавни со истечени пасоши што се во Кина.

– Ако мобилните тимови отидат во Кина да ги сликаат 12-те наши државјани, ќе треба да бидат 30 дена во карантин. Затоа најдовме друго решение, Министерството за внатрешни работи да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок, изјави Османи.

Тој истакна дека сака да ги демантира гласините оти има проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство и оти тоа е масовна појава.

– Наједноставен начин е со една законска измена да го продолжиме траењето на нивните пасоши до крајот на годината, изјави Османи, додавајќи дека сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со Ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци, ќе се презентираат извештаи од Судска медицина и психијатар

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид -19 од 1.630 тестирања: Најмногу во Скопје, Струмица и Кочани

Редакција

Обвинителката Русковска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

Редакција